Договорен спектакуларен трансфер на Френки де Јонг!
Д М12 мај 2022

Угледниот новинар Жерар Морено донесе спектакуларни вести.
Морено тврди дека Барселона и Манчестер Јунајтед постигнале договор за трансферот на Френки де Јонг, а Холанѓанецот очигледно кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.
Трансферот на Де Јонг ќе чини меѓу 75 и 80 милиони евра. Барса реши да продаде бидејќи игрите на 24-годишниот фудбалер не се сјајни и се стравува дека неговата вредност ќе опадне во наредните години.
Така, холандскиот фудбалер по три години ќе го напушти „Камп Ноу“. Барселона нема да има загуби на него бидејќи го купи за 75 милиони евра од Ајакс.
Де Јонг во изминатите три сезони одигра 139 натпревари за каталонскиот гигант и постигна 13 гола.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



