Договорена соработка: Кристијан Ериксен се враќа!

Кристијан Ериксен повторно ќе игра фудбал во најсилната лига, англиската Премиер лига.
Водечките островски медиуми, вклучително и угледниот „Скај Спорт“, пренесуваат дека Ериксен се договорил за соработка со Брентфорд, што клубот треба да ја официјализира во наредните часови.
BREAKING: Brentford are close to finalising terms on a six-month contract with Christian Eriksen.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 23, 2022
Данскиот фудбалер ќе му се приклучи на тимот од Лондон до крајот на оваа сезона, а потоа ќе се размислува за продолжување на договорот.
Да потсетиме, Ериксен неодамна ја прекина соработката со Интер бидејќи во Италија фудбалерите не смеат да играат со вграден срцев дефибрилатор, а со тоа англиските клубови немаат проблеми, Ериксен може да игра во Премиершип.
Ериксен претходно изјави дека се чувствува совршено подготвен и дека е подготвен за нови предизвици бидејќи сака да настапи на Светското првенство во Катар.
„Мојата цел е да играм на Светското првенство во Катар. Сакам да играм. Тоа е моја филозофија цело време. Тоа е цел, сон. Дали селекторот ќе ме повика е друго прашање. Но, мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам бидејќи воопшто не се чувствувам поинаку“, изјави Ериксен и додаде:
„Физички повторно сум во совршена форма. Тоа е мојата цел и дефинитивно има уште време. Така дотогаш ќе продолжам да играм фудбал и повторно да докажам дека сум на највисоко ниво. Мојот сон е да играм во данската репрезентација повторно, повторно да заиграм на Паркен и да докажам дека тоа се случи еднаш и нема да се повтори“.



