„Дојде, не знаев кој е, беше ситен, бавен и не знаеше на која позиција игра“.

Дејвид Силва пристигна во Манчестер Сити во 2010 година за кој сè уште игра.
Сепак, многумина во тоа време не го гледаа како „волшебник“, но со текот на годините им докажа на сите дека не се во право, а со неговите одлични игри стана еден од омилените фанови на Граѓаните.
Џо Харт, кој во тоа време бранеше во Сити, откри како изгледаше сè, кога Силва пристигна во овој клуб.
„Волшебникот дојде, немав идеја кој е тој. 25 милиони фунти беше вреден, ситен, бавен. Играше само со левата нога и воопшто не ја знаеше неговата позиција“, рече Харт.
„Тој изгледаше како добар човек, не зборуваше многу англиски, не играше веднаш одлично, но неговиот континуитет и квалитет го одведоа до врвот“.
„Тој е само неверојатен играч – нема ништо негативно за него освен тоа што е мал“, додаде Англичанецот.



