Дојде, освои тројна круна и си замина!

Секој играч има голема желба да ја освои Лигата на шампионите барем еднаш во текот на својата кариера, некои имаат среќа, додека некои не.
Среќа за сезоната 2019/20 беше Алваро Одриозола, кој пристигна во Баерн на позајмица во јануари до крајот на сезоната.
Шпанскиот десен бек не играше во Баварија, но успеа да ја освои тројната круна и со тоа да влезе во историјата на Баерн.
За Баерн забележа само пет настапи, што беше доволно за да се најде на списокот на освојувачи на медали за освојување на Бундеслигата, ДФБ-купот и најважниот трофеј во клупскиот фудбал, Лигата на шампионите.
Danke und alles Gute, @alvaroodriozola! 🤜🤛
— FC Bayern München (@FCBayern) September 3, 2020
Германскиот клуб денес потврди дека Одриозола се враќа во Реал Мадрид со порака за благодарност од Хасан Салихамиџиќ.
“Сакам да му се заблагодарам на Алваро кој играше улога во нашиот успех. Алваро е добар играч, има добар карактер и му посакувам се најдобро во иднина”, рече Салихамиџиќ.



