Доказ дека Симеоне бил во право, Барса нема и не треба да го купи Феликс!

Жоао Феликс и Жоао Кансело пристигнаа на позајмица во Барселона во последниот ден од преодниот рок, но како што стојат работите ќе биде купен само еден.
Барселона е непрепознатлива во последните недели, Чави целосно ја загуби контролата над соблекувалната, а еден од играчите кој има најлоши бројки е – Жоао Феликс.
Откако одлично ја отвори сезоната и брзо стигна до три гола и три асистенции, започна неговиот пост.
Португалецот е без гол на последните 12 натпревари, а во последните шест немаше ниту асистенција. Ниту тој не може да се пофали со своето влијание на играта, создаде само една шанса за соиграчите во последните шест натпревари, во кои Барселона создаде 240 акции!
Феликс не е доволно опасен и сè потешко му е да влезе во опасната зона, што го потврдува и фактот дека на последните шест натпревари имаше само два удари кон голот.
Како и да е, тој забележува гол или асистенција на секои 150 минути, што е навистина разочарувачки просек.
Ако се земе предвид финансиската состојба во Барселона и тврдењата на Атлетико од дури 70-80 милиони евра за негово купување и на тоа се додадат овие бројки, јасно е дека Феликс нема да биде приоритет следното лето.
Од друга страна, Жоао Кансело ги оправда очекувањата и се очекува да биде купен од Барселона, особено поради фактот што Манчестер Сити би го ослободил за сума од 30 милиони евра.



