SportM
Фудбал

Доколку не го доведат Санчо, Јунајтед ќе тргне по фудбалерот на Јувентус

Д М10 јун 2020
Доколку не го доведат Санчо, Јунајтед ќе тргне по фудбалерот на Јувентус

Тренерот на Манчестер Јунајтед Солскја сака неколку засилувања за следната сезона, за да може Манчестер Јунајтед да се врати во борбата за првото место.

Оваа сезона, дури и борбата за ЛШ ќе биде неизвесна, а Манчестер Јунајтед е еден од клубовите кои се борат за тоа натпреварување.

За да не го повтори тоа, управата на Манчестер ќе се обиде да ангажира неколку одлични засилувања, и да се врати во борбата за трофеи.

Џејдон Санчо треба да биде избор број еден кога станува збор за засилување, но постои шанса тој да ги одбие, бидејќи половина Европа го сака.

Во тој случај, Солскјаер има друга опција и тоа е фудбалер на Јувентус, Федерико Бернардески, кој би можел да направи трансфер во Англија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.