Доколку одигра само една секунда, Барселона вечерва ќе остане без пет милиони евра

Барселона потроши огромна сума пари пред неколку години за да ги донесе во своите редови Усман Дембеле и Филип Кутињо.
Дембеле пристигна во Барселона летото 2017 година од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар. Договорено е неговиот трансфер да изнесува цели 140 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите кои лесно се плаќаат.
Првите три сезони за Французинот требаше да бидат заборавени и се чинеше дека Барселона направила голема грешка со овој трансфер. Дембеле имаше големи проблеми со повредите, но оваа сезона конечно е на вистинскиот пат.
Дембеле конечно покажа зошто Барселона го донесе во оваа сезона и тој конечно успеа да врзе повеќе од десет натпревари без повреда.
Барселона вечерва игра против Депортиво Алавес, а доколку Дембеле одигра само една секунда, тоа скапо ќе ги чини. Имено, ова ќе биде 100-ти настап за Каталонците и според договорот со Дортмунд ќе мора да плати бонус за учинок.
Имено, беше договорено кога Дембеле ќе одигра 100 натпревари, Барселона ќе треба да уплати пет милиони евра на сметката на германскиот клуб. Каталонците веќе му платија на Дортмунд 25 милиони евра бонус од неговото пристигнување на Камп Ноу.
Францускиот фудбалер досега одигра 99 натпревари, и постигна 25 гола и додаде 20 асистенции.



