Доколку Зидан го напушти Реал Мадрид, има подготвена замена: Флорентино Перез веќе повика одличен стручњак

Реал Мадрид е во резултатска криза.
Лошата игра и поразите од Кадиз и Шахтјор го доведоа Зинедин Зидан во непријатна ситуација и се повеќе се зборува за неговото заминување од клупата на Кралевите.
Исто така, многу се зборува за потенцијален наследник на францускиот стручњак. Првично се споменуваше Раул Гонзалес, но „Онда Церо“ тврди дека веќе е воспоставен контакт со Маурицио Почетино.
Одличниот Аргентинец е без работа скоро една година откако доби отказ во Тотенхем. Тој често се поврзуваше со Реал и претседателот Флорентино Перез со задоволство би го ангажирал.
Претседателот на Реал веќе контактирал со него. Тој очигледно е подготвен да го замени Зидан во случај да ја напушти клупата, но Французинот сепак има поддршка заради работата што ја работеше со клубот претходните години.



