SportM
Фудбал

Долгогодишен член го напушти Етихад: Фернандињо потпиша за клубот на неговата младост

Д М28 јун 2022
Долгогодишен член го напушти Етихад: Фернандињо потпиша за клубот на неговата младост

Бразилскиот играч за врска Фернандињо го напушти Манчестер Сити.

Угледниот Фабрицио Романо потврди дека се враќа во својот матичен клуб Атлетико Паранаенсе и дека ќе потпише двегодишен договор.

Трансферот треба да биде официјализиран во јули.

 

Да потсетиме, Фернандињо во 2005 година пристигна во Европа од овој клуб кога потпиша за украински Шахтјор, а летото 2013 година за 40 милиони евра се пресели во Манчестер Сити.

 

Со Граѓаните пет пати беше шампион на Англија, еднаш победник на ФА Купот, шест пати победник на Лига купот и два пати победник на Суперкупот на Англија. Недостигаше европскиот трофеј.

 

Кога станува збор за неговата ера во Европа, не треба да се занемари дека во 2009 година со Шахтјор ја освои Европската лига, односно тогашниот Куп на УЕФА, седум пати шампионатот и пет пати Купот на Украина и три пати Суперкупот на оваа земја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.