Долгоочекуваната врска, Погба асистент, Влаховиќ стрелец! (ВИДЕО)

Пол Погба и Душан Влаховиќ денеска играа на тренинг натпревар и постигнаа по еден гол.
Јувентус на Твитер се пофали со акцијата во која асистент беше Погба, а стрелец Влаховиќ.
Недостасуваат Погба и Влаховиќ во тимот на Јувентус, кој ќе мора многу да се мачи за да стигне до Лигата на шампионите по загубените 15 бода.
Не е познато дали Масимилијано Алегри ќе може да смета на нив викендот против Монца, но сигурно е дека конечно наскоро ќе излезат на теренот.
Влаховиќ одлично ја започна сезоната со шест гола, но се повреди пред Мундијалот и закрепнувањето му траеше подолго и по Катар.
Погба допрва треба да го направи своето деби откако се врати во Јуве, откако заработи повреда летото и повторно ја повреди во ноември.
Pogba x Dušan 🤝⚽️ pic.twitter.com/q8XTjLCql6
— JuventusFC (@juventusfc) January 26, 2023



