SportM
Фудбал

Донарума ќе оди во Шпанија, плата 10 милиони евра!

Д М31 мај 2021
Донарума ќе оди во Шпанија, плата 10 милиони евра!

Џанлуиџи Донарума е можеби најдобриот голман во овој момент.

Договорот на Донарума со Милан истече и тој е слободен во потрага по нова средина. Медиумите од Апенините пренесуваат дека тој е близу до договор со Барселона.

Тутомеркато наведува дека Барселона минатата недела испратила понуда и сега чека одговор.

Претседателот Жоан Лапорта му понуди на 22-годишникот пет сезонски договор со годишна плата од 10 милиони евра. Нема да има клаузула во договорот.

Марк-Андре Тер Штеген неодамна беше опериран на коленото и тешко е да се каже кога повторно ќе биде на теренот. Барса веројатно ќе се обиде да го продаде Германецот и со тоа да заработи големи пари бидејќи Донарума ќе пристигнеше бесплатно.

Според некои најави од Шпанија, Тер Штеген најверојатно ќе се врати и во Германија, во тимот на Борусија Дортмунд.

Патем, уште две звучни имиња се заинтересирани за Донарума. Станува збор за Јувениус и ПСЖ кои се уште не испратиле конкретна понуда.

Парижаните неодамна го обновија договорот со Кејлор Навас, па се сигурни во погодок, додека „бјанконерите“ не ја менуваат стратегијата бидејќи сè уште не се ослободија од Војчех Шчесни.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.