Донарума, па ти тоа намерно? Е тек сега навивачите на Милан ќе бидат бесни!

Фото: tv21m
Според голем број на медиуми, голема е веројатноста Џанлуиџи Донарума да стане нов голман на Интер во летниот преоден рок. Со оглед на тоа дека Сомер има 36 години, а Мартинез кој беше доведен на почетокот на сезоната, не ги оправдувал очекувањата, Донарума бил првиот избор за голманската позиција. Неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни 2026-та, па ова лето Интер би можел да го донесе на попуст, односно по поволна цена, за да не ризикува францускиот тим да го загуби бесплатно.
Наводно Донарума веќе имал контакти со Интер и дал зелено светло. Ова секако нема да им се допадне на фановите на Милан, не поради тоа што беше нивен поранешен играч, туку најмногу поради начинот на кој се разделија во 2021 година.
Тој беше дел од Милан од 2015-та до 2021 година. Пред и во текот на сезоната 2020/2021, раководството на на Милан направи бројни обиди да го продолжи договорот на Донарума што истекуваше, но сепак не успеа да ги исполни барањата за плата на играчот од 1 милион евра месечно, како и 20 милиони евра провизија за агентот за Мино Раиола и се повлече од преговорите. На 26 мај 2021 година, тогашниот директор на Милан, Паоло Малдини, потврди дека Донарума ќе го напушти Милан кога неговиот договор ќе истече на 30 јуни. Тогаш тој се пресели во ПСЖ, како слободен играч, а во Париз доби 8 милиони евра плата. Токму во тој период навивачите во Италија фрлаа на теренот лажни банкоти, долари со ликот на Донарума, алудирајќи дека него ги интересираат само парите.



