Донарума се оправдува пред навивачите на Милан: Се колнам, немаше никој

Џанлуиџи Донарума одлучи да го напушти Милан и да ја продолжи кариерата во редовите на францускиот ПСЖ.
22-годишниот голман беше прв голман на Росонери речиси шест години, но на крајот одлучи да си замине.
Донарума ја прифати понудата на ПСЖ. Ова ги налути навивачите на Милан кои го нарекоа предавник и човек за кого само парите се важни.
View this post on Instagram
Донарума се поврзуваше со Јувентус и Барселона, но тој тврди дека не преговарал со други тимови додека бил член на Милан.
Истото го тврди и за неговиот агент, контроверзниот Мино Раиолуа.
“Секогаш сам одлучував професионално. Моето семејство секогаш ме поддржуваше, како и Мино. Тој ги почитува сите желби на своите клиенти. Тоа е 100 проценти така”.
View this post on Instagram
“Го напуштив клубот и немав контакт со други клубови. Се колнам дека е така. Знаев дека некој ќе се појави ако играм добро на Еуро”.
На крајот италијанскиот голман заврши во ПСЖ и ги напушти Росонерите по 251 одиграни натпревари за клубот.



