SportM
Фудбал

Донаруса: Овој пораз многу нѐ боли, но мораме да продолжиме со крената глава

SPORTM.mk16 ное 2026
Донаруса: Овој пораз многу нѐ боли, но мораме да продолжиме со крената глава

„И ние сакаме да достигнеме до тоа ниво, но започнавме нов пат и вакви колебања можат да се случат. Пред два дена одигравме одличен натпревар, но можеби потрошивме премногу енергија и денес изгледавме уморни. Сепак, Белгија беше супериорна и тоа мора да го прифатиме“, изјави капитенот на Италија, Џиџо Донаруса, по поразот.

„Денес претрпевме многу контра напади. Требаше да преземеме повеќе дефанзивни мерки при напаѓањата, без вистински да го процениме ризикот. Овој пораз треба да ни биде лекција. Како што рече тренерот, треба да ја задржиме главата горе, но вечерва нѐ боли, бидејќи сите сакавме да продолжиме во Лигата на нациите.

Реагиравме, но не на континуиран начин. Ова е дел од нашиот раст и не треба да ги повторуваме овие грешки. Роберто Манчини може многу да ни помогне. Треба да ги поддржиме младите, бидејќи немаме многу време и нѐ очекуваат квалификациите за Европското првенство. Тие треба повеќе да играат и да стекнуваат искуство“, заврши Донаруса.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.