Манчини: Белгија беше подобра, ни е жал, но оваа ноќ ќе ни послужи

„Белгиските фудбалери беа подобри и поподготвени од нас. Плативме висока цена во физички аспект, иако започнавме добро,“ – изјави селекторот на Италија, Роберто Манчини, по поразот што ги чини неговите фудбалери елиминација.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, бидејќи Белгија е силна екипа, но верувавме дека можеме да се квалификуваме. По водечкиот гол примивме два гола за неколку минути и тогаш почнаа проблемите. Противникот заслужено победи.
Ни е жал, бидејќи имавме можност да продолжиме понатаму, но овој пораз не го брише тоа што го направивме добро. Многу страдавме во средината на теренот и по крилата. Исто така, физички ги почувствувавме последиците од натпреварот со Франција.
Во процесот на подобрување можат да се случат и вакви вечери. Од овие натпревари треба да извлечеме важни поуки. Поразите можат да ни помогнат да се подобриме.”



