Роналдињо ја маѓепса Равена со спектакуларни 45 минути: „Не знам дали беше мојот последен натпревар“

Равена доживеа неверојатно попладне благодарение на Роналдињо. Стадионот „Бенели“ беше исполнет до последно место, додека ентузијазмот се пренесе и надвор од Италија, бидејќи натпреварот се пренесуваше и на „Тајмс Сквер“. На трибините беа присутни и поранешните шампиони Дида, Серџињо, Ариедо Браида, тенисерот Фабио Фоњини и Флавио Бриаторе.
Добитникот на „Златната топка“ требаше да игра околу 30 минути, но остана на теренот целото прво полувреме. Тој ги поздрави навивачите со наклон пред трибините, пружајќи спектакл со своите технички потези и се обиде да постигне гол, но не успеа да го достигне својот 300-ти официјален погодок во кариерата, со клубовите и репрезентацијата.
„Не знам дали ова беше мојот последен натпревар. Ако ми се јави претседателот, би се вратил. Секогаш ми е задоволство да играм фудбал, “ рече Роналдињо за „Скај Спорт“. „Беше фантастично да ги сретнам пријателите и да видам млади што пораснале гледајќи ме како играм. Фудбалот беше најубавата работа што ја имав во мојот живот“.



