Connect with us

Кошарка

Дончиќ се врати во Далас, му пуштија видео, се заплака, а потоа им даде 45 кошеви (ВИДЕО)

Лука Дончиќ се скрши и заплака додека го гледаше видеото што му го подготвија во Далас по враќањето, а по натпреварот призна дека воопшто не знае како го одиграл натпреварот.

Словенецот беше пречекан одлично, бидејќи сите навивачи на Далас во салата носеа маици со натпис „Лука ти благодариме за се“ на словенечки, а повеќето од нив донесоа и пароли за благодарност до Дончиќ.

Пред официјалното претставување на играчите, на големиот видео бим во салата беше прикажано триминутно видео во кое му се заблагодарува на Дончиќ за се што направи за Маверикс во претходните седум години, а Лука не можеше да ги сокрие солзите додека ги слушаше овациите од трибините.

“Сите видоа како реагирав на видеото. Сите овие навивачи, многу го ценам. Моите соиграчи… сите имаа мој грб, јас сум среќен. Ги сакам овие навивачи и овој град, но време е да продолжиме понатаму”, изјави Дончиќ во својата прва изјава, додавајќи: “Толку многу емоции, не можам ни да објаснам. Очите ми се насолзија. Дојдов во Далас како момче, кога имав само 18 години. Тука се чувствував како дома. Имам многу убави спомени”, додал Дончиќ по мечот.

Сепак, тој натпреварот го одигра сјајно и постигна 45 поени.