Connect with us

Фудбал

Дони ван де Бик го воодушеви Солскјер по неговото деби за Манчестер Јунајтед

И покрај поразот на Манчестер Јунајтед од Астон Вила со 1:0 во вчерашниот пријателски натпревар, Оле Гунар Солскјер беше задоволен од настапот на дебитантот Дони ван де Бик.

Јунајтед го одигра овој натпревар без некои важни играчи како Бруно Фернандеш, Давид де Геа, Пол Погба и Ентони Марсијал, но затоа го имаше засилувањето кое го донесе оваа година од Ајакс.

“Дони беше можеби најголемиот плус на теренот. Тој е одличен во наоѓањето простор и создава време за себе со навремени влезови и потези. Бев многу задоволен од неговата игра”, изјави Солскјер, кој го постави на голот Дин Хендерсон наместо Де Геа.

„Дин ​​покажа авторитет на голот и играше како вистински голман на Манчестер Јунајтед“, додаде Солскјер.

loading...

Јунајтед ќе го одигра својот прв натпревар во Премиер лигата против Кристал Палас следната сабота, бидејќи „црвените ѓаволи“, исто како и градскиот ривал Сити, добија малку повеќе слободни денови поради настапот во Европа и крајот на минатата сезона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com