Доволно е само да истрча на теренот и Меси ќе сруши уште еден рекорд
Д М23 сеп 2018

Еден од најдобрите светски фудбалери Лео Меси вечерва ќе постави рекорд во шпанската Ла Лига.
За Аргентинецот, натпреварот против Џирона ќе биде 423. за Барселона во шпанското првенство, со што ќе испише нова страница во историјата и стане играч-странец со најмногу настапи во Ла Лига.
Досегашниот рекорд го држеше Бразилецот Дани Алвес, кој играјки за Севиља и Барселона одигра 422 натпревари во шпанската лига.
Во досегашните 422 натпревари, Меси прослави дури 320 победи, а имаше 66 ремиа и 37 порази.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



