Ракомет
Драма, гол со звукот на сирената и победа за Македонија
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија.
Иако имавме водство во текот на целиот меч, сепак драма во последните секунди.
Романците го реализираа последниот напад за израмнување 23-23 на седум секунди до крајот, кои, сепак, беа доволни за брз напад на македонската репрезентација и реализација на десното крило Костески со звукот на сирената за конечни 24-23.
Капитенот Кузмановски со девет голови беше најефикасен во македонските редови, а Мартин Томовски запиша пет интервенции на голот