SportM
Фудбал

Драма во Торино: Погба има повреда на коленото

Д М26 јул 2022
Драма во Торино: Погба има повреда на коленото

Веднаш штом се врати во Јувентус и го одигра својот прв натпревар, Пол Погба заработи повреда, која веројатно може да го паузира неколку недели.

Погба заработи повреда на коленото на тренинг. На почетокот изгледаше како ништо сериозно. Но, тогаш прелиминарните тестови покажаа дека се работи за лезија на латералниот менискус на десното колено и дека се потребни дополнителни прегледи.

Мора да почекаме на тие тестови, но се шпекулира дека операцијата е многу реално сценарио. Во тој случај, веројатно е да се пропушти барем почетокот на сезоната.

 

Французинот летово се врати во Јувентус како слободен играч од Манчестер Јунајтед. Исто како што на ист начин дојде во Торино пред 10 години. Во меѓувреме замина во Манчестер во трансфер вреден 105 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.