SportM
Фудбал

Дресовите на Јувентус за новата сезона ги оставија без зборови навивачите на Старата дама (ФОТО)

Д М19 дек 2020
Дресовите на Јувентус за новата сезона ги оставија без зборови навивачите на Старата дама (ФОТО)

Иако тековната сезона е во полн ек, клубовите веќе полека се подготвуваат за следната.

Секако, ова најмногу се однесува на дресовите во кои клубовите ќе играат следната сезона, а меѓу првите што „протекоа“ во јавноста се дресовите на Јувентус.

Фотографии од дресовите на Старата дама што играчите на овој клуб најверојатно ќе ги носат следната сезона се појавија на социјалните мрежи.

Навивачите на Јувентус беа особено воодушевени од домашниот дрес, кој е во традиционални бои и изгледа навистина одлично. Исто така, дресот за на гости е одличен дизајн додека дресот на резервниот сет не ги воодушеви навивачите толку многу.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.