Дуделанж прв клуб од Луксембург во групната фаза од ЛЕ
Д М31 авг 2018

Екипата на Дуделанж вчеравечер го победи романски ЦФР Клуж со 3:2 во плејофот на Лига Европа и стана првиот тим од Луксембург со изборено учество во групната фаза од второто по квалитет континентално клупско фудбалско натпреварување.
На првиот меч во Луксембург беше 2:0, па „аутсајдерот“ со вкупни 5:2 оди понатаму.
Во минатото, во главната фаза на Купот на УЕФА во 1995/96 (без квалификации) играше Авенир. Во други случаи, претставниците на оваа земја не се квалификуваа за некој од европските купови.
Тимот на Дуделанж е со седиште во истоимениот град, чие население е околу 20 000 луѓе.
Жрепката за групите во ЛЕ ќе биде извршена денес во Монако со почеток во 13 часот.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



