SportM
Фудбал

Дури 20 клубови сакаат во своите редови да го видат најбараниот фудбалер во светот

Д М9 авг 2022
Дури 20 клубови сакаат во своите редови да го видат најбараниот фудбалер во светот

Пред неколку години важеше за голем талент, но сега на 21 година донекаде е во сенка.

 

Откако не одигра официјален натпревар од март поради невролошки проблеми, Англичанецот се врати на теренот и ова лето настапи за Челзи на претсезонските натпревари.

 

Тоа е, се разбира, Калум Хадсон-Одои.

Калум Хадсон-Одои, сепак, има мали шанси да продолжи во Челзи, но е далеку од понуди.

 

Според британскиот Sky Sports, дури 20 клубови, меѓу кои и некои од најдобрите европски лиги, Премиер лигата, Серија А, Бундеслигата и Ла Лига, сакаат Калум Хадсон-Одои да ги засили и да игра редовно.

 

Се чини дека најдобра шанса за потпис на крилниот напаѓач има Борусија Дортмунд, која е во напредни преговори со Челзи, клуб кој не сака да го продаде Калум Хадсон-Одои, туку само да го позајми на една сезона.

Да потсетиме, пред три години, кога настапуваше за првиот тим на Челзи, Калум Хадсон-Одои го привлече вниманието и на Баерн.

 

Во летото 2019 година баварскиот клуб даде многу голема понуда од 40 милиони евра, но Челзи ја одби, бидејќи веруваше во потенцијалот на Калум Хадсон-Одои, кој барем засега не ја оправда укажаната доверба.

 

Што се однесува до Челзи, треба да се каже дека блиску до заминување од клубот е и шпанскиот фудбалер Маркос Алонсо.

 

Според медиумите од странство, Барселона е блиску до негово доведување, која ова лето прави неверојатни работи на трансфер пазарот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.