Двајт Јорк: „Халанд не би можел да биде во стартните 11 на нашиот тим“

Во 1999 година, тимот на Манчестер Јунајтед ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а еден од клучните играчи во тој тим беше Двајт Јорк.
Овој напаѓач пристигна од Астон Вила во времето на Фергусон и беше вистинско пријатно изненадување, постигнувајќи дури 29 гола во сите натпреварувања таа сезона.
Сепак, тој смета дека Ерлинг Халанд, ѕвездата на Манчестер Сити, не би можел да биде во стартните 11 на тој Манчестер Јунајтед во 1999 година.
„Ако има некој кој би можел да има реални шанси да биде во стартните 11 на нашиот тим, тоа е Кевин Де Брујн“, изјави Јорк.
„Сепак, не можам да кажам дека ни недостасуваше квалитетот што го има Де Брујн, бидејќи го имавме Сколс во средината“, рече тој.
Халанд?
„Дури и да видиме колку е одличен Халанд, имавме посебен начин на игра напред. Не е само до тоа кој ќе постигне гол, туку како да се победи натпреварот и да се освои тројната круна. Немаше шанси Халанд да биде во нашиот тим, доколку гледаш на начинот на кој игравме. Зошто некој би го растурил тандемот на Енди Кол и мене?“, се запраша Јорк.
И навистина, Енди Кол и Двајт Јорк се еден од најдобрите тандеми во историјата на англискиот фудбал, токму таа 1999 година заедно постигнаа 53 гола во сите натпреварувања.



