SportM
Фудбал

Две години немаше одиграно ниту една минута, а сега конечно ја доби понудата што ја чекаше

Д М23 дек 2021
Две години немаше одиграно ниту една минута, а сега конечно ја доби понудата што ја чекаше

Фил Џонс нема одиграно ниту една минута речиси две години, но сепак е член на Манчестер Јунајтед.

Џонс е член на првиот тим на „црвените ѓаволи“ веќе 11 години, но целосно исчезна од сцената поради проблеми со повреди.

Последниот натпревар во дресот на Јунајтед, овој дефанзивец го одигра во јануари 2020 година, кога Манчестер Јунајтед го победи Транмер Роверс со 2-0 во ФА Купот.

Џонс и пред тоа повеќе од една година беше надвор од терените поради повреда, а по опоравувањето не успеа да се наметне кај Оле Гунар Солскјер. Се чини дека тоа нема да се промени ниту со доаѓањето на Ралф Рангник кој веќе го отпиша Џонс.

Англиските медиуми пишуваат дека Џонс речиси сигурно ќе го напушти Јунајтед овој јануари и дека на маса има неколку интересни понуди.

29-годишниот фудбалер е на мета на Бенфика, која е подготвена да го доведе на позајмица до крајот на сезоната, со можност да го откупи неговиот договор следното лето.

Бенфика сака максимално да се засили пред вториот дел од сезоната и настапот во осминафиналето на Лигата на шампионите, а Џонс е на врвот на листата на желби за јануарскиот преоден рок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.