Двоецот од Баерн Минхен пристигна на лекарски прегледи во Манчестер Јунајтед, следува потпис (ВИДЕО)
Редакција12 авг 2024

Двајца дефанзивци на Баерн Минхен до крајот на денот или најдоцна до утре треба и официјално да станат нови фудбалери на Манчестер Јунајтед. Тие се снимени на аеродромот во Минхен на пат за Манчестер. Станува збор за Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи веќе пристигнале на лекарски прегледи во Манчестер. По завршувањето на лекарските прегледи треба да потпишат договор со важност од пет години, плус со опција за продолжување на уште една сезона.
Двата клуба ги договорија трансферите во саботата, при што Црвените ѓаволи ќе платат 50 милиони евра за Холанѓанецот, од кои пет милиони се во форма на бонуси, и ќе додадат уште 15+5 милиони за Мароканецот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



