SportM
Фудбал

Еден играч на Баерн засекогаш ќе го памети подарокот од Левандовски: А на фотографијата изгледа нереално…

Д М15 окт 2022
Еден играч на Баерн засекогаш ќе го памети подарокот од Левандовски: А на фотографијата изгледа нереално…

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски на своето збогување им подари шишиња шампањ со неговиот потпис и фотографија на своите поранешни соиграчи од Баерн, но еден од нив доби нешто многу повредно.

Левандовски летово замина од Минхен во Барселона. Полјакот го смени центарот по осум години, но сепак знаеше да ги почести своите поранешни соиграчи кога си замина од Минхен.

Сите добија шише шампањ и фографија во дресот на Баерн. Едно шише пијалок Armand De Brignac чини околу 320 евра, па пресметајте колку пари потрошил Лева за да им подари подароци на сите.

Сепак, германските новинари тврдат дека тој му дал посебен подарок на играчот од средниот ред Леон Горецка. Имено, Лева му подари Audi e-tron GT RS. Цената на овој автомобил е некаде околу 125.000 евра. На фотографијата подолу можете да видите за каков „ѕвер“ навистина станува збор:

Полјакот го возел Аудиto додека бил играч на Баерн, бидејќи Баварците соработуваат со Ауди од 2002 година.

Горецка е во Минхен од летото 2018 година и моментално е во добра форма. Досега има одиграно 10 натпревари на кои постигна четири гола и забележа три асистенции. Тој беше особено добар неодамна во Чешка против Пилсен кога постигна два гола на асистенција во победата од 4:2.

Во недела од 19 часот и 30 минути Баерн го игра Бундеслигашкиот натпревар против Фрајбург кој има шанса да го надмине во поредокот.

Баварците се само шести со 16 бодови, додека лидер е Унион Берлин со 20 бодови, а Фрајбург и Борусија М. имаат по 18, а Хофенхајм и Ајнтрахт Франкфурт по 17.

Работите во Лигата на шампионите се многу подобри за Баварците бидејќи имаат максимален резултат од четири победи и веќе се пласираа во нокаут фазата. За второто место ќе се борат Интер и Барселона.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.