Еден капитен, засега, потпишува договор со Барса

Серхи Роберто дефинитивно ќе потпише нов договор со Барселона.
Се шпекулираше дека може да си заминат сите четворица капитени кои ја започнаа оваа сезона летово.
Прв си замина Жерар Пике, Серхио Бускетс на лето станува слободен и засега нема индикации дека ќе го продолжи договорот, бидејќи сака да замине во Интер Мајами, прашање е само кога.
Ѓорди Алба како трет капитен летово доби јасна порака од Чави дека го чека споредна улога, но овој реши да остане, бидејќи има договор до 2024 година и нема намера да го менува клубот.
Засега сигурно е дека Роберто ќе остане, ќе потпише договор на уште една година, до 2024 година, со можност за продолжување на уште една сезона.
Тој е дете на Барса и целата своја кариера ја помина во каталонскиот клуб, а Чави Ернандез изјави дека никој не го сака клубот повеќе од него и дека сака поголема почит кон Роберто.
Новиот договор е најдобра потврда за тоа.



