Еден соиграч зборуваше за заминувањето на Мбапе од ПСЖ, но тоа што го кажа нема да им се допадне на многумина

Килијан Мбапе би требало да го напушти ПСЖ на лето.
Неговиот договор со францускиот тим истекува на крајот од сезоната и според многу најави, овој одличен фудбалер би требало да стане член на Реал Мадрид кој долго време го посакува.
Џанлуиџи Донарума ја коментираше целокупната ситуација за италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“, но тој не откри ништо.
„Имам одличен однос со Мбапе. Сепак, не зборуваме за неговиот договор или за неговата иднина – одлуката е на Килијан“, изјави чуварот на мрежата на Италија, додавајќи.
“Знам само дека сме среќни овде во ПСЖ. Тој е паметен човек. Само тој може да знае кој е најдобриот избор”.
Да потсетиме, Мбапе пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и четири пати беше француски шампион со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите во која стигна до финалето каде во 2020 година беа поразени од Баерн Минхен.
Сезонава на 30 натпревари постигна 20 гола и на соиграчите им подели 16 асистенции.



