SportM
Фудбал

Единсон Кавани е жив доказ дека некои работи се едноставно поважни од парите

Д М28 авг 2022
Единсон Кавани е жив доказ дека некои работи се едноставно поважни од парите

Единсон Кавани со 35 години останува на мета на големите европски клубови по заминувањето од Манчестер Јунајтед.

Бока Јуниорс, Виљареал, Валенсија или Ница се тимовите кои покажаа интерес за Кавани во последните неколку месеци, а се чини дека напаѓачот донел конечна одлука.

Како што пренесува новинарот Николо Скира, поранешниот фудбалер на Наполи во следните две години ќе игра за Валенсија и ќе има годишна плата од два милиони евра, плус бонуси.

Според Goal, понудата од Ница била финансиски најповолна за јужноамериканскиот напаѓач, но тој ја одбил со образложение дека сака да игра во Ла Лига, во Валенсија.

Французите беа подготвени на Уругваецот да му понудат плата од пет милиони евра по сезона, додека Валенсија на фудбалерот му понуди двегодишен договор во кој ќе добива „само“ два милиони евра по сезона.

Понудата на „лилјаците“ е инфериорна во однос на Ница, но Кавани смета дека Валенсија е најдобрата опција за него.

Сепак, за да може да го ангажира Единсон Кавани, Валенсија мора да се откаже од играч за да биде во границите на финансискиот „фер-плеј“, а првите имиња кои кружат се Маркос Андре и Макси Гомез.

За Кавани тоа би било прв пат да игра во Шпанија, откако играше во Уругвај (Дунубио), Италија (Палермо и Наполи), Франција (ПСЖ) и Англија (Манчестер Јунајтед).

Да потсетиме, претходно се поврзуваше и со трансфер во Виљареал или Рајо Ваљекано, но очигледно на крајот тие опции отпаднаа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.