SportM
Фудбал

Единсон Кавани понуден на Интер?

Д М27 апр 2020
Единсон Кавани понуден на Интер?

Одамна се верува дека крајот на успешната авантура на Единсон Кавани во ПСЖ е при крај.

Долго време се шпекулира каде искусниот Уругваец би можел да продолжи кариера, а сега „Gazzetta dello Sport“ пишува дека тоа би можело да биде Интер.

Кавани, од неговите претставници, наводно, бил понуден на Интер.

Идејата за пристигнување на Кавани сигурно може да му се допадне на Интер, бидејќи Уругваецот станува слободен агент на крајот на сезоната. Така, Нероаѕурите имаат можност бесплатно да добијат уште еден квалитетен напаѓач.

Уругваецот би можел да го заземе местото на Санчез во списокот на Интер, со оглед на тоа што е прилично сигурно дека Чилеанецот ќе се врати во Јунајтед по една сезона обележана со повреди, бидејќи Нероаѕурите немаат намера да го откупат неговиот договор.

Исто така, шпекулациите за можниот трансфер на Кавани во Интер доаѓаат по информациите од Островот дека Челзи би можел да ја продолжи соработката со Жиру – што беше една од желбите на тренерот на Интер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.