SportM
Фудбал

Египќаните му зададоа главоболка на Клоп поради Салах

Д М27 мар 2021
Египќаните му зададоа главоболка на Клоп поради Салах

Ливерпул би можел да ја започне новата сезона без својот најдобар играч.

Опасноста дека Мохамед Салах ќе го пропушти воведниот дел од новата сезона е многу извесна заради одлуката на ФС Египет.

Имено, Салах е вклучен во списокот на играчи кои треба да настапат на Олимписките игри од 23 јули до 8 август во Токио.

„Јавно кажав дека би сакал да го имам во тимот на олимпискиот турнир и тој не одби, што значи и дека сака да игра за нас. Учеството на Салах на Игрите е поддржано од државата, Министерството за спорт и египетскиот фудбалски сојуз, тоа е наш заеднички напор да го освоиме првиот олимписки медал “, рече Шоки Гариеб, селектор на египетскиот олимписки тим.

Во Ливерпул се плашат дека играњето на Олимписките игри би го префорсирало Салах, бидејќи тековната сезона е секако исклучително тешка.

Новата сезона во Англија започнува на 14 август, а на Салах сигурно ќе му треба неколку недели пауза по турнирот во Токио.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.