Connect with us

Тајмаут

Екс претседателот на Шпанскиот фудбалски сојуз осуден затоа што бакнал фудбалерка во уста, еве колку пари ќе плаќа дневно

Луис Рубиалес, поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, е осуден на 18 месеци парична казна за сексуален напад откако без согласност ја бакнал фудбалерката Џенифер Хермосо за време на церемонијата на доделување медали на Светското првенство во Сиднеј во август 2023 година.

Во следните 18 месеци, ќе мора да плаќа казна од 20 евра дневно. Покрај тоа Рубиалес доби забрана да се приближува до Хермосо на 200 метри и да комуницира со неа една година.

Судот, сепак, ги ослободи Рубиалес и тројцата обвинети, поранешниот селектор на женската репрезентација Хорхе Вилда, поранешниот директор на машката репрезентација Алберто Луке и поранешниот маркетинг директор Рубен Ривера, од обвиненијата за принуда.

Обвинителството првично бараше казна од две и пол години затвор за Рубиалес за сексуален напад и принуда. Оваа пресуда може да се оспори пред Кривичниот совет на Националниот суд. ФИФА претходно го суспендираше Рубиалес на три години. Светската фудбалска организација утврди дека Рубиалес направил дисциплински прекршок кога ја бакнал во уста фудбалерката Џенифер Хермосо за време на прослава по освојувањето на светскиот шампионат.