SportM
Фудбал

Ел Класико може само во финалето на Суперкупот

Д М16 дек 2020
Ел Класико може само во финалето на Суперкупот

Шпанската фудбалска федерација донесе интересна одлука денес за претстојните натпревари од Суперкупот.

Четири екипи ќе се борат за трофејот кон средината на јануари во Севиља, а тоа се шампионот Реал Мадрид, вицешампионот Барселона и финалистите од Купот, Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.

Бидејќи финалето на Купот за минатата сезона не беше одиграно, беше одлучено овие екипи да не се соочуваат едни со други во полуфиналето од Суперкупот, а на ждрепката ќе можат да ги извлечат Реал или Барселона.

Според правилата на Суперкупот, шампионот (Реал Мадрид) требаше да игра со губитникот од финалето на Купот, и вицешампионот на Шпанија (Барселона) против победникот во Купот.

Како и да е, бидејќи финалето не се играше, беше решено да се извлече кој ќе игра со Реал, а кој со Барселона, а наскоро ќе дознаеме за какви парови станува збор. Така, славното Ел Класико е можно само во финалето на Суперкупот.

Полуфиналните дуели се закажани за 13 и 14 јануари, а финалето е закажано за 17 јануари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.