Connect with us

Фудбал

Ел Класико на трансфер пазарот: Реал и Барселона сакаат ист играч

На фудбалскиот пазар не очекува бурно лето.

Веќе е потврден еден голем трансфер, а тоа е Халанд во Манчестер Сити, Мбапе е се поблиску до Реал, но Кралевите сакаат уште еден играч, но не се единствените – го сака и Барселона.

Станува збор за играчот на Наполи, шпанскиот играч за врска Фабијан Руиз.

Играчот од средниот ред би можел да се врати во Шпанија од Наполи по четири сезони, пренесуваат италијанските медиуми.

Барселона се чини дека има предност на овој дуел, бидејќи Руиз сака да go донесе веднаш летово.

„Лос бланкос“ би сакале да го доведат Фабијан Руиз на „Бернабеу“ во летото 2023 година, кога истекува договорот на Шпанецот со Наполи, а тој би можел да потпише бесплатно како слободен играч.

Наместо тоа, Чави би сакал Фабијан Руиз на Камп Ноу што е можно поскоро, да го има најконкурентниот можен тим за следната сезона. Тренерот на Барселона е голем фан на Фабијан Руиз, забележува Мундо Депортиво.

Тој оваа сезона настапи на вкупно 35 натпревари и постигна седум гола со пет асистенции, а неговото доаѓање ќе ја зголеми конкуренцијата во средниот ред на Реал Мадрид.

Инаку, Руиз кариерата ја започна во Бетис, кратко играше како позајмен во Елче, а од 2018 година е член на Наполи.

За шпанската репрезентација играше 15 пати и постигна еден гол.

Реклама

Facebook