SportM
Фудбал

Елмас даде ветување: Дај боже да се пласираме на Светско првенство, ако треба на Плоштад ќе правам торта (ВИДЕО)

Д М22 мар 2022
Елмас даде ветување: Дај боже да се пласираме на Светско првенство, ако треба на Плоштад ќе правам торта (ВИДЕО)

Елиф Елмас поради суспензија нема да може да му помогне на Македонија во плејоф дуелот со Италија, но доколку Македонија ја мине Италија, Елмас ќе биде на располагање за битката за пласман на СП во Катар.

Елиф Елмас е дел од специјалната најава за натпреварот направена од „УЕФА ТВ“, а во неа изјави дека доколку се пласираме на Светско првенство, ќе прави торта на Плоштад.

 „Дај боже да се пласираме на Светско првенство, после тоа не се секирајте, ако треба на Плоштад ќе правам една торта“ – најави Елмас.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.