Фудбал
Емотивната вечер на „Бомбоњера“, духот на Диего е сè уште жив, но навивачите беа загрижени за реакцијата на Тевез! (ФОТО+ВИДЕО)

Судбината сакаше неговите два поранешни клуба, Бока јуниорс и Њуелс Олд Бојс, да се сретнат на крајот на неделата во која почина Диего Марадона, на познатата „Бомбоњера“.
Воведувањето на натпреварот се случи во многу емотивно збогување од легендарниот ас кој почина во средата попладне на 60-годишна возраст.
Симболи кои потсетуваат на славните денови на популарниот Ел Пибе беа поставени долж целиот стадион и трибините, а на средината на теренот фудбалерите оддадоа почит на една минута молчење пред почетокот на натпреварот.
Играчите излегоа на теренот во маици со темна силуета на Марадона, што потсетува на познат детаљ од Светското првенство во Мексико во 1986 година.
Boca Juniors – Newell’s maçı öncesinde iki takımında efsanesi olan Diego Armando Maradona anıldı. #D10S #DiegoEterno pic.twitter.com/9TSVVtG4Qz
— Latin Tribün (@LatinTribun) November 29, 2020
Интересен детаљ беше тоа што во делот под името, покрај 1960 година, како година на раѓање, имаше знак на бесконечност, како потврда дека ќе живее вечно меѓу оние кои го сакаат.
#CopaDiegoMaradona
Boca Juniors vs Newell's.
La Bombonera.#EternoDiego
29/11 pic.twitter.com/LLAURR3iAm— STAND YOUR GROUND 👊 (@Ultramaniatics_) November 29, 2020
Најдобриот фудбалер на Бока, Карлос Тевез не беше присутен на овој натпревар, и тој тешко се снајде со смртта на Марадона.
Заминувањето на неговиот фудбалски идол дојде во време кога таткото на Карлос се бореше со сериозно заболување, па тој не можеше да излезе на теренот.
