SportM
Фудбал

Ерата на Андреа Пирло во Јувентус започнува

Д М24 авг 2020
Ерата на Андреа Пирло во Јувентус започнува

Новата ера во Јувентус со Андреа Пирло на кормилото на тимот започна утрово, откако новиот тренер на црно-белите започна да работи денес заедно со неговиот помошник, Игор Тудор.

Тренерот на италијанскиот шампион пристигна утрово, заедно со Џорџо Келини и направија медицински тестови.

По него следат четворица играчи, Матија Перин, Арон Ремзи, Дејан Кулушевски и Кристијан Ромеро, кои ќе бидат подложени на рутински медицински тестови пред да започнат предсезонски тренинг.

Од денеска започнува новата ера на Јувентус и поранешниот црно-бел играч од средниот ред се става на чело на тимот.

Пирло беше прогласен за менаџер на Јуве овој месец, на местото на отпуштениот Маурицио Сари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.