Ериксен брилјираше на денешниот натпревар за Брентфорд

Кристијан Ериксен минатото лето доживеа срцев удар на Европското првенство во Копенхаген, но половина година подоцна му се врати на фудбалот.
Продолжувањето на кариерата на Ериксен беше под голем знак прашалник, но тој беше решен да се врати. Тој не можеше да продолжи да игра фудбал во Италија за неговиот поранешен клуб Интер поради забраната за дефибрилатори и на крајот потпиша за Брентфорд во англиската Премиер лига.
Неодамна асистираше на пријателскиот натпревар за Брентфорд, а денеска одигра нов меч, овојпат забележа две асистенции против шкотскиот шампион Ренџерс во меч одигран зад затворени врати.
Данецот допрва треба да ги одигра првите минути за првиот тим на Брентфорд на официјалниот натпревар, но се верува дека наскоро ќе добије можност за тоа.
Ериксен колабираше во првото полувреме од мечот меѓу Данска и Финска и се спаси благодарение на брзата реакција, на соиграчот Кајер и на лекарите кои се најдоа на стадионот Паркен.
Данецот пред неколку дена повторно проговори за кобниот момент во Копенхаген.
“Се сеќавам на сè освен оние пет минути за кои подоцна ми кажаа дека ме оживеале. Се сеќавам на аут и моментот кога топката ме удри во коленото, но не и што се случи потоа. Се разбудив опкружен со луѓе и почувствував дека имав силен притисок во градите. Се обидував да дишам и не разбирав што се случува“, изјави Ериксен за Би-Би-Си.
„Не знаев што се случува, мислев дека нешто ми се случило со нозете или сум го повредил грбот. Во амбулантата слушнав како некој прашува колку време ме „немаше“ и слушнав дека тоа траело пет минути“.
Целта на данскиот фудбалер е на крајот на оваа година да игра на Светското првенство во Катар, па се врати на фудбалот.



