SportM
Фудбал

Ериксен може да направи сензационален кам-бек во својот поранешен тим

Д М20 апр 2022
Ериксен може да направи сензационален кам-бек во својот поранешен тим

Тотенхем бара засилување во средниот ред во летниот преоден рок и го следи Кристијан Ериксен од Брентфорд и Јури Тилеманс од Лестер Сити.

Ериксен во јануари потпиша договор со Брентфорд до крајот на сезоната и летово може да му се приклучи на Тотенхем.

Ериксен е во добра форма и тоа го забележа бордот на лондончани кои почнаа да ја разгледуваат можноста за враќање.

Данскиот играч од средниот ред помина седум години во северен Лондон од 2013 до 2020 година и беше суштински дел од тимот на Покетино, кој стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.

Потоа премина во Интер, но минатата година на Европското првенство Ериксен доживеа срцев удар, оставајќи го надвор од терените подолго време.

Тој стави направа во своето срце што го оневозможи да игра во Серија А поради нивните правила.

Тој потоа беше ослободен од клубот и потпиша шестмесечен договор со Брентфорд во јануари.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.