Ериксен: Не можев да го дочекам трансферот

Сагата на трансферот на Кристијан Ериксен конечно заврши.
Данецот претходно го известил Тотенхем дека нема да потпише нов договор, а тие, биле принудени да го продадат за да заработат што повеќе пари за него.
Многу клубови стапиле во контакт со Ериксен, но тој на крајот го избра италијанскиот тим, Интер, со кого потпиша договор до летото 2024 година. Вредноста на трансферот се проценува на 20 милиони евра.
Задоволството од преселбата на „Џузепе Меаца“ не го криеше ни самиот Ериксен.
„Не можев да дочекам да дојдам. Навистина сум среќен што кариерата ја продолжив во Интер. Не можам да дочекам да се запознаам со навивачите. Веќе доживеав топло добредојде. Се чувствувам одлично”, рече Ериксен.
Ериксен има повеќе од 300 натпревари во дресот на Тотенхем.
„Бројките велат дека сум имал успех. Сега е време за нов предизвик, да го покажам во Серија А она што го знам“.
Ериксен додаде и дека тренерот Антонио Конте веќе имал шанса да го запознае кога играше со Тотенхем против Челзи, што претходно го водеше Италијанецот.



