Ериксен пристигна во таборот на Интер, она што следеше беше посилно од животот! (ВИДЕО)

Кристијан Ериксен беше меѓу најозборуваните фудбалери на Европското првенство поради инцидент кој за среќа не заврши трагично.
Во првото коло против Финска, Ериксен пропадна на теренот, борбата за живот траеше околу десет минути, по што беше префрлен во болница. Кратко потоа, беше инсталиран дефибрилатор за регулирање на работата на срцето.
По неколкунеделна пауза, данскиот играч за врска се врати на клупските обврски, а денеска пристигна на тренинг кампот Интер каде се сретна со управата на клубот и соиграчите.
Моментите што се појавија откако Ериксен влезе во просториите на клубот тешко може да се опишат со зборови. Некои ќе речат дека се дури и посилни од животот. Сигурно е дека 29-годишникот никогаш нема да ги заборави сцените.
¡Mucha emoción en Milan! Eriksen visitó el entrenamiento del Inter luego de lo ocurrido en la EURO 2020.
📽 @Inter pic.twitter.com/FZEuEO3ZPg
— SportsCenter (@SC_ESPN) August 4, 2021
Сите соиграчи го поздравија Ериксен топло како да е нивниот брат кого не го виделе долго време. Некои имаа солзи радосници во очите, но и доволно насмевки. Секако, следеа заеднички фотографии.
Потоа следеше заедничка фотосесија со соиграчите и вработените во клубот. По тој повод, Ериксен во рацете го држеше дресот со број 24 на Интер.
Semplicemente splendida. #Eriksen pic.twitter.com/ryoBK1gHpz
— Fabrizio Biasin (@FBiasin) August 4, 2021
По оваа посета, Ериксен се враќа во Копенхаген каде ќе го продолжи лекувањето по препораки на данските лекари и во координација со медицинскиот тим на италијанскиот шампион.
Како што стојат сега работите тој никогаш повеќе нема да игра во дресот на Интер поради правилата во Серија А каде играчите со вграден дефибрилатор не можат да играат.



