Ерменија ја шокираше Грузија, на Македонија и треба само бод за пласман во повисок ранг
E R15 ное 2020

Само само неколку дена селекцијата на Грузија доживеа два големи шокови. Прво, Македонија славеше во финалето за пласман на ЕП, а вечерва и Ерменија ги совлада на домашен терен со 1:2 во меч кој одлучуваше која селекција ќе се бори заедно со Македонија за врвот во втората група во Лигата Ц. Газарјан и Адамјан беа стрелци за гостите, додека за домаќините погоди Вако од пенал.
Во среда, на 18-ти ноември, Македонија и гостува на Ерменија. Ова ќе биде директна битка за првото место во групата кое носи пласман во Лига Б од Лигата на нации. Таму се наоѓаат малку посилни репрезентации како што се Норвешка, Австрија, Шкотска, Србија, Велс, Турција, Русија…
На гостувањето во среда на Македонија и е доволен само бод за да го обезбеди првото место.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



