Connect with us

Фудбал

ЕСПН: Ова ќе биде најдраматичниот бараж, замислете го Роналдо во Скопје…

Најпознатата светска спортска мрежа, ESPN, ги анализира возбудливите квалификации и го најавува „најдраматичниот бараж досега“.

Македонија е една од репрезентациите кои имаат шанса да настапат на Мунијалот за прв пат.

Некои репрезентации и големи играчи нема да го видат Светското првенство во Катар, а некои допрва треба да одлучат дали ќе бидат дел од големото шоу или не. Секако, не зависи само од нив туку и од противниците кои ќе ги добијат врз основа на ждрепката.

Многумина сега се прашуваат дали Кристијано Роналдо на крајот од кариерата ќе игра на Светското првенство во Катар со оглед на тоа што Португалија е во плеј-офот, што повторно не е ништо ново. Португалците со поразот од Србија во Лисабон се најдоа во ситуација да стравуваат за Мундијалот, исто како и моќните актуелни европски прваци Италијанците.

Во март првпат во турнирски формат ќе се игра бараж со полуфинале и финале, а на крајот три селекции патуваат во Катар.

„Самиот формат ќе донесе невидена драма и тензија од самиот почеток. За неутрален спектакл, за навивачите на земјите кои ќе играат бараж – нервоза. Во основа имаме три финалиња четири турнири со еден меч во полуфинале и финале. Се е отворено, се е можно, замислете само кога Кристијано Роналдо, на пример, ќе дојде во Скопје да се бори за Мундијалот против Македонија“, стои во анализата на ЕСПН.

„Возбудата ќе кулминира од причина што нема повеќе „паркинг за гостински автобуси“, нема игра 0-0, а нијансите ќе одлучуваат“, се вели во него.

Во баражот моментално се Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска, Велс (носители), Турција, Полска, Македонија, Украина, Австрија и Чешка (неносители).

Извлекувањето на бараж двојките ќе се одржи на 26 ноември, а натпреварите ќе се играат 24/25. и 28/29. март Извлекувањето на топчињата за Светското првенство е на 1 април 2022 година во Доха.

Светското првенство во Катар ќе се игра следната година од 21 ноември до 18 декември.

Реклама

Facebook

Реклама