SportM
Фудбал

ЕУРО како да е проколнато: Уште еден играч тешко повреден

Д М16 јун 2021
ЕУРО како да е проколнато: Уште еден играч тешко повреден

На Европското првенство оваа година, многу грди слики по само пет дена од турнирот.

Неодамна бевме сведоци на сериозната повреда на Кристијан Ериксен, данскиот играч за врска, чиј живот беше спасен на теренот во дуел со Финска. Играчот од средниот ред на Интер, за среќа, преживеа и сега неговата состојба е стабилна, но прашање е дали тој некогаш повторно ќе игра фудбал.

На денешниот натпревар меѓу Русија и Финска, кој започна во 15 часот, беше повреден рускиот фудбалер Марио Фернандес.

Тој беше изнесен од теренот на носила во раните фази на натпреварот по еден грд пад.

Искусниот фудбалер на ЦСКА би можел да паузира подолг период, но сè уште се чекаат официјални информации за неговата состојба.

Инаку Русија славеше на натпреварот со минимални 1:0.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.