SportM
Фудбал

Еве го виновникот, Аргентинецот си ги местеше штуцните кога Торес го даде голот за победа на Шпанија (ВИДЕО)

Редакција20 јул 2026
Еве го виновникот, Аргентинецот си ги местеше штуцните кога Торес го даде голот за победа на Шпанија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство 2026 година со резултат 1:0.

Голот за одлука го постигна напаѓачот на Барселона, Феран Торес, кој ја искористи асистенцијата од Нико Вилијамс и ѝ ја донесе на Шпанија втората светска титула во историјата.

При одлучувачкиот погодок на Шпанија, голема грешка направи Џулијано Симеоне. Синот на аргентинскиот стручњак Диего Симеоне во клучниот момент не го следеше Феран Торес, бидејќи си ги наместуваше штуцните, што шпанскиот напаѓач го искористи за да му избега на својот чувар и да постигне гол вреден титула.

Неговата реакција кај единствениот гол на Шпанија на натпреварот може да се погледне во видеоприлогот кој се наоѓа во текстот.

Инаку, Симеоне е член на мадридски Атлетико, а во финалето влезе во игра во второто полувреме, кога го замени Родриго де Пол.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.