Connect with us

Фудбал

Евертон е строго казнет, ​​има забрана за трансфери

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) изрече жестока казна за Евертон, објавија британските медиуми.

Англискиот клуб е казнет со парична казна од 500.000 фунти и забрана за донесувањето на фудбалер измеѓу 10 и 18 години, сето тоа поради илегалните преговори со млади играчи кои веќе беа под договор со други клубови.

Овие преговори беа спроведени без знаење на клубовите во кои играа споменатите фудбалери, а забраната за доведување на талентирани млади фудбалери е за следните две години.

Случајот за кој е казнет Евертон датира уште од 2016 година, кога се обидоа на нелегален начин да ја донесат младината на Кардиф Сити.

Евертон во наредниот период ќе мора да се сврти кон својот персонал од младинското школо, а познато е дека овој клуб во минатото издаде неколку големи играчи, особено Вејн Руни.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com