SportM
Фудбал

Евертон го договори првото засилување

Д М26 мар 2020
Евертон го договори првото засилување

Иако во светот на фудбалот во моментов има пауза поради пандемијата на коронавирус, многу екипи веќе работат напорно за да договорат засилување за наредната сезона.

Така, челниците на Евертон договорија засилување од Лил, а тоа е дефанзивецот Габриел Магалес.

Според англиските медиуми, играчот и Евертон се договориле за сите детали, а договорот ќе биде потпишан до 2025 година.

Сè што останува е Евертон да заврши неколку мали работи со Лил, а овој трансфер може да се заклучи.

Секако, прво мора да почекаме да се нормализира ситуацијата во светот, за да може фудбалот да продолжи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.