ФА го истражува Мурињо, му се заканува казна
Д М9 окт 2018

Англиската фудбалска асоцијација ќе ги испитува активностите на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, кои се случија по завршувањето на натпреварот со Њукасл.
„Црвените ѓаволи“ стигнаа до голем пресврт, победувајќи ги „страчките“ откако губеа со 2:0 на полувремето, но на крајот домаќините победија со 3:2. Токму по последниот судиски сигнал, Жозе Мурињо беше фатен од камерата, напуштајќи теренот како зборува на португалски.
Ако ФА смета дека шефот на Јунајтед зборувал непристојно или агресивно, тогаш тој ќе се соочи со санкции од фудбалскиот регулатор во Англија.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



